КИНЕСКИ ШПИОНСКИ БАЛОН КРУЖИ НАД САД, ВЕЛИ ПЕНТАГОН

    КИНЕСКИ ШПИОНСКИ БАЛОН КРУЖИ НАД САД, ВЕЛИ ПЕНТАГОНБалонот последно беше забележан над западната сојузна држава Монтана (Фото: АП)

    Американските власти велат дека следат можен кинески шпионски балон, кој е забележан како кружи над чувствителни места во изминатите денови. Од Пентагон кажаа дека се речиси сигурни дека балонот за набљудување од големи височини ѝ припаѓа на Кина. Последно беше забележан над западната сојузна држава Монтана.

    Сепак, властите одлучиле да не го рушат поради страв од паднатите остатоци. Кина досега не коментираше ништо.

    Канада денеска соопшти дека следи „потенцијален втор инцидент“ кој вклучува набљудувачки балон, но не кажа која земја би можела да стои зад него.

    Тесно соработуваме со САД за да ги заштитиме канадските чувствителни информации од странските разузнавачки закани“, кажаа канадските власти.

    Предметот летал над Алеутските Острови на Аласка и Канада пред да се појави над градот Билингс во Монтана. Од Пентагон велат дека борбени авиони се подготвени да полетаат ако Белата куќа нареди да биде соборен.

    Во Монтана се наоѓа воената воздушна база Малмстром, каде што се сместени силоси со нуклеарни проектили. Од Пентагон кажаа дека нема значајна опасност по американската безбедност, зашто точно се знае каде поминува балонот.

    Не веруваме дека балонот ќе собере информации што Кина не може да ги добие од своите сателити“, изјави еден функционер од Пентагон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира