КИНЕСКИОТ ГРАД ВУХАН ГРАДИ НОВА БОЛНИЦА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ, ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ЗА 10 ДЕНА

    КИНЕСКИОТ ГРАД ВУХАН ГРАДИ НОВА БОЛНИЦА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ, ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ЗА 10 ДЕНАНовата болница ќе има 1.000 кревети (Фото: АП)

    Кинескиот град Вухан, од кој почнал да се шири новиот коронавирус, си постави амбициозна задача да изгради комплетно нова болница за само десет дена.

    За да се забрза работата, болницата, која ќе има 1.000 кревети, се гради од монтажни објекти од работничко одморалиште, сместено до езеро во околината на градот.

    Машинеријата која се состои од 35 багери и десет булдожери пристигнала на градилиштето во четвртокот вечер, со цел болницата да биде целосно подготвена до 3 февруари. Според државните медиуми, на градилиштето се ангажирани повеќе од 100 работници.

    Градот се решил на ваков чекор откако поради забрзаното ширење на вирусот се појавил недостиг од кревети во локалните болници.

    Според последните информации, од коронавирусот досега починале 41 лице, а повеќе од 1.200 се заразени.

    Иако временскиот рок е амбициозен, Кина има искуство во експресното градење во итни ситуации. Во 2003 година, по избивањето на епидемијата на Сарс, 7.000 работници изградија болница во Пекинг за само една недела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира