КИНЕЗ НЕЗАДОВОЛЕН ОД РАЗВОДОТ ВЛЕТА СО ЏИП МЕЃУ ЛУЃЕ КОИ ВЕЖБАЛЕ И УБИ НАЈМАЛКУ 35-МИНА

    КИНЕЗ НЕЗАДОВОЛЕН ОД РАЗВОДОТ ВЛЕТА СО ЏИП МЕЃУ ЛУЃЕ КОИ ВЕЖБАЛЕ И УБИ НАЈМАЛКУ 35-МИНАНапаѓачот е во кома како резултат на самонанесена рана, кажа полицијата (Фото: АП)

    Најмалку 35 луѓе загинаа, а над 40 се повредени откако џип влетал меѓу луѓе кои вежбале пред стадион во кинескиот град Жухаи. Шеесет и двегодишниот возач со презиме Фан наводно намерно удрил во луѓето, што полицијата го опиша како сериозен и зол напад.

    Фан бил уапсен додека се обидувал да избега и моментално е во кома како резултат на самонанесена рана, кажа полицијата.

    Инцидентот се случи и покрај засилените безбедносни мерки во градот, кој е домаќин на големо цивилно и воено аерошоу.

    Полицијата соопшти дека првичната истрага покажала дека Фан го извел нападот зашто бил незадоволен од постигнатата имотна спогодба по неговиот развод. Сепак, бидејќи бил во кома, полицијата не може да го испраша.

    Еден очевидец изјави дека најмалку шест групи луѓе се собрале кај стадионот за своите редовни вежби кога се случил инцидентот.

    „Автомобилот се упати кон луѓето со голема брзина во моментите кога го завршувавме третиот круг околу стадионот. Имаше прегазени луѓе на сите страни“, изјави очевидецот со име Чен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира