Германската полиција уапси осуммина климатски активисти кои упаднаа на Минхенскиот аеродром, предизвикувајќи негово кусо затворање и околу 60 откажувања на летово утринава.
Шестмина од активистите се залепија за пистата, велат од полицијата, додавајќи дека ситуацијата сега е под контрола и дека двете писти на аеродромот се отворени за слетување и полетување.
Климатската група „Последна генерација“, која што има изведувано слични протести во минатото, кажа дека е одговорна за протестот и објави серија фотографии на мрежата „Икс“ од своите активисти.
На еден од транспарентите на активистите пишуваше „Проблем е владата, а не нашите одмори“.
Од Минхенскиот аеродром кажаа дека застојот траел два часа.