КЛУЧЕН ДЕН ЗА СПАСУВАЊЕ ПРЕЖИВЕАНИ ПО ЗЕМЈОТРЕСИТЕ ВО ВЕНЕЦУЕЛА, ДОСЕГА НАЈМАЛКУ 920 ЗАГИНАТИ

    КЛУЧЕН ДЕН ЗА СПАСУВАЊЕ ПРЕЖИВЕАНИ ПО ЗЕМЈОТРЕСИТЕ ВО ВЕНЕЦУЕЛА, ДОСЕГА НАЈМАЛКУ 920 ЗАГИНАТИВластите кажаа дека се урнале околу 250 згради, најмногу во областа Ла Гварија (Фото: АП)

    Очајните Венецуелци и спасувачките екипи брзаат да пронајдат преживеани, додека бројот на загинати од двата земјотреса се искачи на најмалку 920. Странските екипи и помошта почнаа да пристигнуваат во опустошените области.

    Владата соопшти дека се лоцирани 172 заробени лица под урнатините, а 3.360 луѓе се повредени, откако земјотресите уништија делови од Каракас и околните области во средата навечер по локално време. Повеќе од 50.000 луѓе се пријавени за исчезнати.

    Меѓу загинатите има и најмалку 40 странски државјани, од Кина, Шпанија, Португалија, Бразил и други држави.

    Денеска е клучниот ден за пребарување и спасување, Спасувачите се водени од минута во минута, од час во час, од звукот на преживеаните под урнатините. Најлошо е кога тие гласови ќе стивнат“, вели шефот на хуманитарните работи во Обединетите нации, Том Флечер.

    Првиот земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала беше следен од уште посилен од 7,5 степени за помалку од една минута и двата биле релативно плитки, што ги направило уништувањата уште посериозни. Властите кажаа дека се урнале околу 250 згради, најмногу во областа Ла Гварија близу Каракас. Главниот аеродром во Венецуела е затворен поради сериозни штети.

    Земјата продолжила да се тресе и вчера, при што најсилниот афтершок имал магнитуда од 4,9 степени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира