„КОКА-КОЛА“ ГИ ПОВЛЕЧЕ СВОИТЕ ПРОИЗВОДИ ОД НЕКОЛКУ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПОРАДИ ВИСОКИ НИВОА НА ХЛОРАТ

    „КОКА-КОЛА“ ГИ ПОВЛЕЧЕ СВОИТЕ ПРОИЗВОДИ ОД НЕКОЛКУ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПОРАДИ ВИСОКИ НИВОА НА ХЛОРАТМеѓу повлечените производи се и „кока-кола“, „спрајт“ и „фанта“ (Фото: ААП)

    „Кока-кола“ ги повлече своите пијалаци од неколку европски земји зашто содржат високи нивоа на хемикалија позната како хлорат. Фирмата кажа дека контаминираните лименки и шишиња биле испорачувани во Белгија, Велика Британија, Франција, Германија, Луксембург и Холандија од ноември.

    Меѓу повлечените производи се и „кока-кола“, „спрајт“ и „фанта“. Од компанијата не можеа да кажат колку лименки и шишиња се повлечени, освен дека станува збор за значајна количина.

    „Независни експертски анализи покажаа дека секој ризик за потрошувачите е многу низок“, изјави портпарол на „Кока-кола“ за Би-Би-Си.

    Високите нивоа на хлорат биле откриени при рутинско тестирање во производствениот погон на компанијата во белгискиот град Гент.

    Хлоратот може да се најде во храната бидејќи потекнува од хлорните средства за дезинфекција, што широко се користат за третирање вода и за преработка на храна. Изложеноста на високи нивоа на хемиски соединенија може да предизвика здравствени проблеми, особено кај деца и бебиња.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира