КОМБЕ ПРЕГАЗИ ПОВЕЌЕ ПЕШАЦИ ВО ЛОНДОН, ПОЛИЦИЈАТА ИСТРАЖУВА „ГОЛЕМ ИНЦИДЕНТ“

    КОМБЕ ПРЕГАЗИ ПОВЕЌЕ ПЕШАЦИ ВО ЛОНДОН, ПОЛИЦИЈАТА ИСТРАЖУВА „ГОЛЕМ ИНЦИДЕНТ“Луѓе бегаат на јужната страна од Лондон Бриџ по несреќата (Фото: Би Би Си)

    Полицијата во Лондон објави дека истражува „голем инцидент“ на познатиот Лондон Бриџ откако комбе удрило во повеќе пешаци на тротоарот.

    Сведоци изјавуваат дека бело комбе се качило на тротоарот и прегазило неколку пешаци.

    Според репортер на Би Би Си кој се затекнал на мостот во моментот на несреќата комбето повредило најмалку пет-шест пешаци. Тој мисли дека тие се тешко повредени.

    Мостот е затворен за сообраќај. На местото има тешко вооружени полициски сили и абулантни возила.

    ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ СЛЕДЕТЕ НĖ НА СДК.МК, ФЕЈСБУК И ТВИТЕР

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира