Бело комбе се качи на тротоарот во туристичката област Лас Рамблас во Барселона и удри во толпа луѓе, повредувајќи неколкумина, соопшти локалната полиција. На фотографијата објавена од националната телевизија РТЕ, тројца луѓе лежат на земја на улицата во северниот шпански град и полицијата им дава помош. На други видеа се гледаат пет лица како лежат и други луѓе како бегаат од местото.
Полицијата ја опколи популарната улица со кордон и им нареди на продавниците и блиските метро станици да затворат. Од граѓаните и туристите побараа да не приоѓаат на областа за да не им попречуваат на службите. Над местото надлетуваат хеликоптери.