КОМПОЗИТОРОТ МИКИС ТЕОДОРАКИС ДОБИ СМРТНИ ЗАКАНИ ПРЕД ГОВОРОТ НА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА ВО АТИНА

    КОМПОЗИТОРОТ МИКИС ТЕОДОРАКИС ДОБИ СМРТНИ ЗАКАНИ ПРЕД ГОВОРОТ НА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА ВО АТИНАМикис Теодоракис ќе се обрати лично на плоштадот Синтагма, место да испрати снимена видео-порака

    Непознати напаѓачи фрлиле боја врз куќата на прославениот грчки композитор Микис Теодоракис, кој ќе биде главен говорник на денешниот протест во Атина против употребата на името Македонија.

    Според полицијата, напаѓачите употребиле црвена боја за да го вандализираат влезот од куќата на Теодоракис во Атина и притоа испишале заканувачка порака со спреј.

    „Твојата приказна почна  планина и ќе заврши на плоштадот Синтагма“, стоело во пораката.

    Теодоракис треба да се обрати лично, место, како што првично планирал, да испрати снимена видео-порака.

    Собирот во Атина треба да биде кулминација на протестите што се одвиваат низ Грција во изминатиот период, додека ввете влади се обидуваат да му стават крај на неколкудеценискиот спор околу употребата на името Македонија. Се очекува демонстрантите да пристигнат со повеќе од 1.500 автобуси од сите страни на Грција, а најавено е дека ќе присуствуваат и пратениците од партијата Нова демократија.

    „Ова ќе биде голем ден за земјата“, истакна поранешниот премиер Антонис Самарас.

    Полицијата најави дека ќе постави бариери, со цел демонстрантите да бидат задржани на плоштадот Синтагма, но големи делови од центарот на Атина ќе бидат затворени за сообраќај.

    „Граѓаните имаат право да протестираат, но загрижени сме да не бидат злоупотребени од националистички и крајно десничарски сили“, изјави портпаролот на владата, Димитрис Цанакопулос.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира