КОНВОЈОТ НА „ВАГНЕР“ СЕ ДВИЖИ КОН МОСКВА, ПРИГОЖИН ТВРДИ ДЕКА РУСКАТА ВОЈСКА ГИ НАПАДНАЛА

    КОНВОЈОТ НА „ВАГНЕР“ СЕ ДВИЖИ КОН МОСКВА, ПРИГОЖИН ТВРДИ ДЕКА РУСКАТА ВОЈСКА ГИ НАПАДНАЛАБорците на „Вагнер“ прво упаднаа во Ростов на Дон (Фото: ЕПА)

    Шефот на „Вагнер“, Евгени Пригожин, изјави дека руската војска ги нападнала неговите сили кои се движат кон Москва. Конвојот на руската платеничка група бил забележан на автопатот М4, кој ги поврзува Воронеж и Москва преку регионот Липецк.

    Се пукаше на нас, прво со артилерија, потоа со хеликоптери“, напиша Пригожин на Телеграм.

    Гувернерот на Липецк потврди дека конвојот поминува низ регионот и дека се движи северно, во правецот на Москва.

    Воронеж, еден од двата града каде што „вагнеровци“ имаат заземено воени објекти, е оддалечен околу 500 километри од Москва.

    Предводени од Пригожин, илјадници борци на „Вагнер“ преминаа од Украина во Русија и прво упаднаа во Ростов на Дон, каде што е сместена командата на Јужниот округ на руската војска. Пригожин тврди дека ја презеле контролата врз градот без испукан куршум.

    Тој вели дека целта на нивната побуна е соборувањето на раководството на руската војска, со кое често вербално се пресметуваше од почетокот на војната во Украина. Владимир Путин го обвини Пригожин за велепредавство и воведе противтерористички режим во Москва и други региони. На улиците на Москва се забележливи засилени безбедносни мерки, а Црвениот плоштад е блокиран.

    Ова е најзначајниот предизвик за руската држава во поново време. Во следните часови, лојалноста на руските безбедносни сили ќе биде клучна за тоа како оваа криза ќе се одвива“, заклучи британското министерство за одбрана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира