КОРИСТЕВМЕ СВИНСКА КРВ И ШМИНКЕР ЗА МОЕТО УБИСТВО, ВЕЛИ НОВИНАРОТ БАБЧЕНКО

    КОРИСТЕВМЕ СВИНСКА КРВ И ШМИНКЕР ЗА МОЕТО УБИСТВО, ВЕЛИ НОВИНАРОТ БАБЧЕНКОФотографија на „мртвиот“ Бабченко што украинската полиција ја објави во јавност (Фото: 5 Канал ТВ)

    Рускиот новинар Аркадиј Бабченко откри како украинските власти ја инсценирале неговата смрт, со цел да се разоткрие наводен руски заговор за негово убиство.

    Шминкер и свинска крв биле користени за да се изведе тоа, кажа Бабченко на денешната прес-конференција.

    Украина беше жестоко критикувана за лажното убиство, што Русија го опиша како чин на провокација.

    Украинската полиција уапсила еден маж, кој работел за германско-украинска компанија за производство на оружје. Тој, наводно, бил ангажиран од руските безбедносни служби да пронајде атентатор.

    „Уапсениот маж бил исплатен откако веста за моето убиство стана јавна“, изјави Бабченко.

    Сепак, најмениот убиец претходно ги известил украинските безбедносни служби за планираниот атентат.

    „Мојата цел е да бидам жив и моето семејство да биде безбедно. Ова беше мој избор, можев и да одбијам. Сфатив дека нема каде да се бега. Сергеј Скрипал избега во Британија и таму беше чуван, па, сепак, дојдоа до него“, кажа Бабченко.

    Облечен во маица издупчена од куршуми и прекриен со свинска крв, Бабченко глумел мртовец, кога бил однесен со амбулантно возило од местото на злосторството, а лекарите кои го прогласиле за мртов, исто така, биле дел од играта. Во мртовечница се пресоблекол, по што од сигурна куќа ги гледал вестите за своето убиство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира