КИНА СО КОРОНАВИРУСОТ ГО ИЗВРШИ НАЈТЕШКИОТ НАПАД ВРЗ САД ВО ИСТОРИЈАТА, КАЖА ТРАМП

    КИНА СО КОРОНАВИРУСОТ ГО ИЗВРШИ НАЈТЕШКИОТ НАПАД ВРЗ САД ВО ИСТОРИЈАТА, КАЖА ТРАМППандемијата е полоша од нападите врз Перл Харбор и Светски трговски центар, заклучи Трамп и повторно ја обвини Кина (Фото: АП)

    Доналд Трамп ја опиша пандемијата на коронавирусот како најтешкиот напад врз САД во историјата и го посочи прстот кон Кина.

    „Поминуваме врз најтешкиот напад што оваа земја го има видено. Ова е полошо од Перл Харбор, полошо од нападот на Светскиот трговски центар. Никогаш немало ваков напад врз земјата. И тој никогаш не требаше да се случи. Можеше да биде запрен во изворот. Кина требаше да го направи тоа, но не го направи“, кажа Трамп.

    Запрашан од новинарите дали пандемијата ја сфаќа како чин на војна, тој одговори:

    „Нашиот непријател е вирусот, не Кина. Ние се бориме против невидлив непријател“.

    Според универзитетот Џонс Хопкинс, во САД досега има 1,2 милиона заразени и над 73.000 починати од КОВИД-19, од кои 2.000 во последните 24 часа.

    Трамп сугерираше дека земјата треба да ја прифати реалноста дека ќе има уште мртви ако сака повторно да ја отвори економијата.

    „Мора да бидеме воини. Не можеме со години за ја држиме земјата затворена“, изјави тој, додавајќи дека, сепак, нема да го распушти специјалниот тим за борба против коронавирусот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира