Светската здравствена организација предупреди дека коронавирусот можеби никогаш нема да исчезне.
„Дури и ако се пронајде вакцина, контролирањето на вирусот ќе бара огромен напор“, изјави директорот за вонредни ситуации во СЗО, Мајк Рајан.
Низ светот досега има повеќе од 4,3 милиони случаи на коронавирус, а починале околу 300.000 луѓе.
„Важно е да се каже дека вирусот би можел да стане уште една ендемска болест во некои заедници и како таков, никогаш нема да исчезне. ХИВ исто така никогаш не исчезна, но успеавме да се справиме со него. Никој не може да предвиди кога болеста ќе ја снема“, изјави Рајан.
Тој кажа дека моментално се развиваат повеќе од 100 можни вакцини за КОВИД-19, но додаде дека некои болести, како сипаници, и натаму постојат и покрај постоењето на вакцина.
„Траекторијата е во наши раце, но сите мора да придонесеме да ја запреме пандемијата“, вели шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.