КОРОНАВИРУСОТ СЕ ПОЈАВИ ВО ДЕСЕТИЦИ УЧИЛИШТА ВО БЕРЛИН ОТКАКО НАСТАВАТА ПОЧНА ПРЕД ДВЕ НЕДЕЛИ

    КОРОНАВИРУСОТ СЕ ПОЈАВИ ВО ДЕСЕТИЦИ УЧИЛИШТА ВО БЕРЛИН ОТКАКО НАСТАВАТА ПОЧНА ПРЕД ДВЕ НЕДЕЛИУчениците во Берлин не мора да носат маска кога се на час (Фото: Гети)

    Случаи на коронавирус се регистрирани во најмалку 41 училиште во Берлин откако тие повторно беа отворени пред речиси две недели. Стотици ученици и професори се ставени во карантин, додека на Берлин му се случува она што веќе е видено во САД и Израел, каде што исто така се појавија кластери во училишта. Според германските медиуми, погодени се сите возрасни групи, и основни и средни училишта.

    Берлин е едно од првите места во Германија кое ги отвори училиштата по летниот распуст. Децата се обврзани да носат маска во ходниците, на одморот и кога влегуваат во училницата, но смеат да ја симнат кога ќе почнат предавањата.

    Во изминатите 24 часа, во Германија се потврдени 2.034 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен пораст од крајот на април. Во земјата досега починале 9.267 луѓе од ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира