Функционери од украинското Министерство за одбрана се договориле со вработени од украинска фирма за производство на оружје да украдат речиси 40 милиони долари, наменети за купување 100.000 гранати, соопшти украинската безбедносна служба.
Петмина се обвинети, а еден од нив е фатен при обид да ја помине украинската граница. Ако бидат осудени, тие се соочуваат со 12 години затвор.
Истрагата е почната од август 2022 година, кога функционерите потпишале договор за набавка на гранатите во вредност од 39,6 милиони долари фирмата „Арсенал Лвив“. Вработените од фирмата требало да ја префрлат сумата на фирма во странство, која што потоа ќе ја испорачала муницијата во Украина.
Но, гранатите никогаш не пристигнале, а парите биле префрлени на разни сметки во Украина и на Балканот, велат од истрагата.
Парите веќе се запленети и ќе бидат вратени во државниот буџет, велат од украинското обвинителство.