Косовскиот парламент ја одобри новата влада предводена од премиерот Албин Курти, со што се стави крај на повеќе од една година долгиот политички ќор-сокак. Новата влада ja поддржаа 66 пратеници во 120-члениот парламент.
Во својот говор во парламентот, Курти рече дека за време на четиригодишниот мандат на владата ќе бидат инвестирани милијарда евра во одбраната, ќе има значајни инвестиции во обновлива енергија и водни ресурси и ќе се развива производствената индустрија на Косово.
Осврнувајќи се на Србија, Курти нагласи дека односите со неа ќе се нормализираат преку конструктивен и креативен дијалог.
Според официјалните резултати од предвремените избори од 28 декември, Самоопределување на Курти освои речиси 50% гласови.


