КОСОВО ГЛАСА НА ТРЕТИТЕ ИЗБОРИ ЗА 18 МЕСЕЦИ, ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ОД ПАРТИИТЕ КОНЕЧНО ДА СЕ ФОКУСИРААТ НА ЕКОНОМИЈАТА

    КОСОВО ГЛАСА НА ТРЕТИТЕ ИЗБОРИ ЗА 18 МЕСЕЦИ, ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ОД ПАРТИИТЕ КОНЕЧНО ДА СЕ ФОКУСИРААТ НА ЕКОНОМИЈАТАСамоопределување на премиерот Албин Курти освои јасно парламентарно мнозинство на предвремените избори во декември (Фото: Фејсбук)

    Граѓаните на Косово денеска гласаат на третите парламентарни избори за 18 месеци, додека расте фрустрацијата поради континуираниот политички ќор-сокак во малата балканска земја, која се стреми да се приближи кон Европската Унија и НАТО. Предвремените избори беа закажани откако главните политички партии не успеаја да се договорат кој треба да ја замени сега веќе бившата претседателка Вјоса Османи.

    По речиси една година без влада, централнолевичарската партија Самоопределување на премиерот Албин Курти освои јасно парламентарно мнозинство на предвремените избори во декември. Но, претседателот на Косово го назначуваат најмалку 80 пратеници во парламентот, мнозинство што ниту Курти, ниту опозицијата не можеа да го соберат.

    И додека клучните играчи се обвинуваа меѓусебно за кризата, нивната неспособност да постигнат компромис предизвика разочарување кај граѓаните на Косово, кои сакаат владата да се фокусира на економијата и животниот стандард.

    Курти ги повика гласачите да му дадат уште една шанса на овие избори. Тој ги обвини опозициските партии за создавање вештачка криза и за наметнување повторени избори, и покрај силната и јасна волја на народот“. Главните опозициски партии, Демократската партија на Косово и Демократската лига на Косово, пак, го обвинија Курти дека се обидува да наметне целосна контрола врз сите политички институции во земјата.

    Османи предупреди дека резултатите од овие избори би можеле да одредат дали Приштина ќе остане на патот кон членство во НАТО и ЕУ, додавајќи дека реизбор на Курти би можел да ја загрози траекторијата на земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира