Косово планира да има своја војска до 2028 година и да развие своја воена индустрија, објави премиерот Албин Курти. Вооружените сили на Косово моментално се нарекуваат Косовски безбедносни сили, кои, според Курти, двојно се зголемени во обем, а во буџет трикратно.
По војната со српските сили во 1999, во која загинаа 13.000 луѓе, за безбедноста во Косово се грижат мировниците на Обединетите нации, кои се фактички војската на земјата. САД во минатото се противеа на формирањето косовска војска, но Косово сега планира да создаде свои вооружени сили и да отвори прва државна фабрика за муниција и воени дронови.
„Веќе сме во контакт и примивме физибилити студија од турски државен производител поврзан со тамошното министерство за одбрана. Овој проект е во финална фаза“, изјави министерот за одбрана Ејуп Мачедонци.
Според Курти, најголемиот снабдувач на Косово со оружје и муниција сега се членките на НАТО, САД, Турција, Германија, Велика Британија и Хрватска. Косовските безбедносни сили сега располагаат и со транспортни возила, хаубици, дронови „барјактар“ и со противтенковски проектили „џавелин“.
Косовската влада тврди дека развојот на воената индустрија е исклучиво наменето за одбрана.