КОСОВО ПОТПИША БАРАЊЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕВРОПСКА УНИЈА

    КОСОВО ПОТПИША БАРАЊЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕВРОПСКА УНИЈАПотпишаната апликација ќе биде испратена во Чешка, која до крајот на годината претседава со ЕУ (Фото: АФП)

    Премиерот Албин Курти, претседателката Вјоса Османи и спикерот на парламентот Глаук Коњуфца денеска го потпишаа барањето за членство на Косово во Европска Унија. Османи нагласи дека Косово заслужува да биде дел од ЕУ, додека Курти кажа дека ова е историски момент за земјата.

    „Денеска го правиме првиот чекор кон ЕУ. Ова е историски момент со кој сакаме да отвориме ново поглавје“, изјави Курти на церемонијата во Приштина.

    Тој додаде дека потпишаната апликација ќе биде испратена во Чешка, која до крајот на годината претседава со Унијата.

    „Напредокот на Косово ќе зависи од посветеноста кон реформите. Брзината со која ќе се движиме зависи од нас самите“, кажа Курти.

    Европската Унија неодамна се согласи да воведе визна либерализација за Косово од 1 јануари 2024. Овој датум беше предложен од Шпанија, една од петте членки на ЕУ кои не ја признаваат независноста на Косово.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира