КОВИД-19 ВЕРОЈАТНО ЌЕ СТАНЕ СЕЗОНСКА БОЛЕСТ, ВЕЛИ ВОДЕЧКИОТ АМЕРИКАНСКИ ЕКСПЕРТ ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    КОВИД-19 ВЕРОЈАТНО ЌЕ СТАНЕ СЕЗОНСКА БОЛЕСТ, ВЕЛИ ВОДЕЧКИОТ АМЕРИКАНСКИ ЕКСПЕРТ ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИВирусот веројатно нема да биде целосно искоренет во светот до крајот на годината, вели Фаучи (Фото: Гети)

    Ентони Фаучи, кој важи за водечки американски експерт за заразни болести, смета дека КОВИД-19 би можел да стане сезонско заболување, бидејќи тој најверојатно нема да биде ставен под контрола на светско ниво.

    Директорот на Националниот институт за алергии и заразни болести и заштитно лице на тимот на Белата куќа за борба против коронавирусот вели дека вирусот веројатно нема да биде целосно искоренет во светот до крајот на годината.

    „Тоа значи дека САД можат да очекуваат враќање на КОВИД-19 во следната сезона на грип. Тоа е една од причините зошто мора да бидеме подобро подготвени отколку што бевме сега. Ова подразбира развој на вакцина и спроведување клинички тестирања“, кажа Фаучи.

    САД имаат најголема бројка на заразени на светот – речиси 330.000, додека починале 9.325 луѓе.

    „Нема да кажам дека ја имаме епидемијата под контрола, тоа би била лажна изјава. Следната недела ќе биде навистина тешка“, призна Фаучи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира