Грчкото министерство за здравство поднесе амандман во парламентот со кој се намалува важноста на ковид пропусниците од сегашните шест на три месеци. Оваа мерка се воведува на препорака на здравствените експерти.
Согласно оваа одлука, сите ковид пропусници издадени до 30 октомври 2021 ќе истечат на 31 јануари следната година, а и сите наредни ќе имаат важност од само три месеци.
Од министерството кажаа дека исклучок ќе бидат само лицата кои ќе приложат медицинска потврда дека не смеат да се вакцинираат.