КРАЈНАТА ДЕСНИЦА ДОБИ ШАНСА ДА ФОРМИРА ВЛАДА ВО АВСТРИЈА ЗА ПРВПАТ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

    КРАЈНАТА ДЕСНИЦА ДОБИ ШАНСА ДА ФОРМИРА ВЛАДА ВО АВСТРИЈА ЗА ПРВПАТ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНАЛидерот на Партијата на слободата Херберт Кикл го доби мандатот од претседателот Фон дер Белен (Фото: АП)

    Австрискиот претседател Александер фон дер Белен ѝ додели мандат за формирање владејачка коалиција на антиимигрантската проруска Партија на слободата (ФПО), овозможувајќи ѝ на крајната десница да ја води владата за првпат од Втората светска војна. По средбата со нејзиниот лидер Херберт Кикл, Фон дер Белен кажа дека ФПО може да почне разговори со конзервативната Народна партија (ОВП) за формирање коалиција.

    Не ја донесов лесно оваа одлука. Ќе продолжам да се грижам да се почитуваат принципите и правилата на нашиот устав“, изјави Фон дер Белен.

    ФПО победи на парламентарните избори во септември, но во прв момент не доби шанса да формира влада зашто сите партии одбија да соработуваат со неа. Фон дер Белен му го додели мандатот на актуелниот канцелар Карл Нехамер, но по неколку месеци преговори тој не успеа да постигне договор за трипартиска коалиција, по што објави дека поднесува оставка. Неговиот наследник на челото на ОВП, Кристијан Штокер, кажа дека прифаќа да преговара со крајната десница.

    ФПО веќе беше дел од владејачка коалиција, но како малцински партнер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира