КРАЈНИОТ ДЕСНИЧАР ЖАИР БОЛСОНАРО ОДНЕСЕ УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ ВО БРАЗИЛ

    КРАЈНИОТ ДЕСНИЧАР ЖАИР БОЛСОНАРО ОДНЕСЕ УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ ВО БРАЗИЛПобедата на Жаир Болсонаро ги загрижи групите за човекови права поради неговите хомофобични и расистички ставови (Фото: АП)

    Кандидатот на крајната десница Жаир Болсонаро однесе убедлива победа на претседателските избори во Бразил.

    Тој освои 55,2% од гласовите, наспроти Фернандо Хадад од левичарската Работничка партија, за кој гласаа 44,8%. Ова претставува голем пресврт на политичката сцена во најголемата држава во Јужна Америка, на чие чело 13 години, од 2003 до 2016, беше Работничката партија, а по отповикувањето на Дјалма Русеф, во последните две години ја водеше непопуларниот конзервативец Мишел Темер.

    Во текот на кампањата, Болсонаро ветуваше дека ќе ја искорени корупцијата и дека ќе ја спушти високата стапка на криминал во земјата.

    „Мојата влада ќе биде бранител на демократијата и уставот. Ова не е ветување на партија, туку на човек. Тоа е заклетва пред Господ. Му ветив на бразилскиот народ дека ќе составам пристојна влада и заедно ќе ја смениме судбината на Бразил“, кажа 63-годишниот Болсонаро, кој беше прободен со нож на еден митинг во почетокот на септември, по што неколку недели помина во болница.

    Критичарите му забележуваат на Болсонаро дека говорите често му биле хомофобични и расистички, откако отворено зборуваше против абортус и истополови бракови. Во надворешната политика, тој заговараше поблиски врски со САД и Израел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира