КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА И СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ ИМ ОДДАДОА ПОЧИТ НА ВЕТЕРАНИТЕ НА ДЕСАНТОТ НА НОРМАНДИЈА

    КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА И СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ ИМ ОДДАДОА ПОЧИТ НА ВЕТЕРАНИТЕ НА ДЕСАНТОТ НА НОРМАНДИЈАУчесниците во една од пресвртните битки во Втората светска војна беа поздравени со стоечки овации (Фото: Ројтерс)

    Доналд Трамп им се придружи на кралицата Елизабета Втора и на 300 ветерани од Втората светска војна на одбележувањето на 75-годишнината од почетокот на сојузничкиот десант на Нормандија, што се одржува во англискиот пристаништен град Портсмут.

    Петнаесет светски лидери дојдоа на церемонијата, со која се оддава почит на учесниците во најголемата копнено-воздушно-поморска инвазија во историјата, која помогна да се стави крај на Втората светска војна.

    15 светски лидери присуствуваа на церемонијата во Портсмут (Фото: Ројтерс)

    Кралицата, принцот Чарлс, претседатели и премиери, вклучувајќи ги Ангела Меркел, Емануел Макрон и Џастин Трудо, со стоечки овации ја поздравија групата ветерани, чии одела беа натежнати од медали и ордени.

    „Се обединивме овдека за да им оддадеме почит на оние чии храброст и пожртвуваност на плажите на Нормандија направија пресвртница во Втората светска војна. Се колнеме дека никогаш нема да го заборавиме долгот кон нив. Нивните солидарност и посветеност кон одбраната на нашата слобода остануваат лекција за сите нас“, кажа британската премиерка Тереза Меј.

    Трамп не одржа говор туку ја прочита молитвата со која Рузвелт ѝ се обрати на нацијата во пресрет на инвазијата.

    Во раните часови на 6 јуни 1944 година, повеќе од 150.000 сојузнички војници тргнаа од Портсмут и околината во напад на Нормандија, што доведе до ослободување на западна Европа од нацистичкиот режим.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира