КРЕМЉ НЕГИРА ПОВРЗАНОСТ НА ПУТИН СО ОФШОР ТРАНСАКЦИИ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:193:"ПортпаролотнаПутинДмитријПесковнагласидекадокументитенесодржатнештоконкретноиновозаПутин ";s:9:"td_source";s:14:"Ројтерс

    КРЕМЉ НЕГИРА ПОВРЗАНОСТ НА ПУТИН СО ОФШОР ТРАНСАКЦИИ

    Извештаите во медиумите за наводна поврзаност на рускиот претседател Владимир Путин со офшор трансакции вредни милијарди долари, се со цел да се дискредитира лидерот на Кремљ, пред претстојните избори во Русија, изјави неговиот портпарол Дмитриј Песков, јави Ројтерс.
    “Главната цел на овие дезинформации е нашиот претседател, особено во контекст на претстојните парламентарни избори, како и во контекст на долгорочна перспектива – мислам претседателски избори за две години”, рече Песков.
    “Путинофобијата достигна таква точка, што всушност стана табу да се каже нешто добро за Русија, за какви било активности на Русија или за некакви руски достигнувања. Мора да се кажат лоши работи, многу лоши работи, а кога нема што да се каже, тие мора да се измислат. Ова е очигледно за нас”, вели Песков.
    Тој нагласи дека документите не содржат нешто конкретно и ново за Путин.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари