КРЕМЉ ПОТВРДИ ДЕКА ТРАМП ПОБАРАЛ ЗАПИРАЊЕ НА РУСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ КИЕВ, НО САМО ДО 1 ФЕВРУАРИ

    КРЕМЉ ПОТВРДИ ДЕКА ТРАМП ПОБАРАЛ ЗАПИРАЊЕ НА РУСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ КИЕВ, НО САМО ДО 1 ФЕВРУАРИЗеленски кажа дека нема формално примирје помеѓу двете земји (Фото: АП)

    Кремљ потврди дека примил лично барање од Доналд Трамп за привремено запирање на руските напади врз украинската енергетска инфраструктура, додавајќи дека тоа би важело до 1 февруари. Ова следува откако Доналд Трамп вчера објави дека Путин се согласил да не ги напаѓа украинските градови една недела поради многу ниски температури во земјата.

    Володимир Зеленски денеска кажа дека е подготвен да го прифати ова доколку Русија ги запре нападите, додавајќи дека нема формално примирје помеѓу двете земји.

    Украинските вооружени сили кажаа дека Русија ноќеска лансирала 111 дронови и еден проектил, но нема извештаи за напади врз енергетски објекти.

    Руските сили оваа зима ги засилија и зачестија нападите врз енергетската инфраструктура на Украина, што ја предизвика најголемата енергетска криза во земјата од почетокот на војната. Се најавува дека температурите во Киев ќе паднат до -26 степени овој викенд.

    Зеленски рече дека можноста за деескалација на конфликтот ја предложиле САД за време на трилатералните мировни преговори во Абу Даби минатиот викенд. Нови разговори беа најавени за овој викенд во Обединетите Арапски Емирати, но Зеленски кажа дека тоа би можело да се промени зашто САД моментално се фокусирани на Иран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира