КРИМ И ДОНБАС СЕ УКРАИНА И ТАКА ЌЕ ОСТАНЕ, ВЕЛИ ВУЧИЌ

    КРИМ И ДОНБАС СЕ УКРАИНА И ТАКА ЌЕ ОСТАНЕ, ВЕЛИ ВУЧИЌСрпскиот претседател Александар Вучиќ вели дека не може да ги поддржи економските санкции против Русија поради руската поддршка во врска со Kосово. (Фото: СДК.МК)

    Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека не ја поддржува руската инвазија на Украина, иако е благодарен за руската поддршка на Србија во врска со Косово, во интервју за „Блумберг“.

    „Ние на самиот почеток кажавме дека не сме во можност и не можеме да ја поддржиме руската инвазија на Украина. За нас Крим е Украина и Донбас е Украина и така ќе остане“, кажа Вучиќ во интервјуто.

    Русија во септември еднострано анектираше четири украински региони, вклучувајќи ги Крим и Донецк и Луханск.

    Но, српскиот претседател вели дека не може да ги поддржи економските санкции против Русија поради руската поддршка во врска со Kосово.

    „Бевме под санкции речиси десет години, поточно осум години, и не веруваме дека тоа е решението“, вели Вучиќ.

    За влегувањето на Србија во ЕУ, Вучиќ вели дека земјата нема друга опција.

    „Знам дека ЕУ е нашиот пат. Нема друг пат“, рече Вучиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира