КУБА ЈА ОБВИНИ РУСИЈА ДЕКА РЕГРУТИРА КУБАНЦИ ДА СЕ БОРАТ ВО УКРАИНА

    КУБА ЈА ОБВИНИ РУСИЈА ДЕКА РЕГРУТИРА КУБАНЦИ ДА СЕ БОРАТ ВО УКРАИНАРускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во април беше во посета на Куба (Фото: Гети)

    Кубанското министерство за надворешни работи објави дека е разоткриен ланец на трговија со луѓе, чија цел било регрутирањето Кубанци да се борат за Русија во војната во Украина. Оттаму велат дека Кубанци кои живееле во Русија, а некои и во Куба биле вклучени во руските вооружени сили кои се борат во Украина.

    Куба е близок сојузник на Русија, но вели дека на никаков начин не сака да биде дел од војната во Украина. Москва досега не реагираше на овие тврдења.

    Кубанските власти не прецизираа кој стои зад оваа операција.

    „Куба има јасна историска позиција против користењето платеници. Ќе дејствуваме решително против оние кои се вмешани во шверцот на луѓе, чија цел е регрутирањето кубански граѓани да носат оружје во која било земја“, изјави кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригес.

    Пред една година, Владимир Путин нареди да се зголеми бројот на руските војници поради зголемените загуби во Украина. Рускиот весник „Рјазан газета“ потоа објави дека некои Кубанци кои живеат во Русија се согласиле да се придружат на руската војска во замена за ветувањето дека ќе добијат руско државјанство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира