КУБАНСКА МИНИСТЕРКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОТКАКО КАЖА ДЕКА ВО ЗЕМЈАТА НЕМА ПИТАЧИ

    КУБАНСКА МИНИСТЕРКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОТКАКО КАЖА ДЕКА ВО ЗЕМЈАТА НЕМА ПИТАЧИНивото на сиромаштија и недостигот на храна и основни лекови се влошија на Куба (Фото: Гети)

    Кубанската министерка за труд Марта Елена Феито Кабрера беше принудена да поднесе оставка поради нејзините коментари дека во земјата нема питачи.

    Таа на парламентарна седница кажа дека на Куба не постојат питачи, а луѓето кои пребаруваат по ѓубре го прават тоа за да заработат лесни пари. Нејзините изјави беа жестоко критикувани од Кубанците дома и во странство, по што претседателот Мигел Дијас-Канел ја повика да поднесе оставка.

    Нивото на сиромаштија и недостигот на храна и основни лекови се влошија на Куба, додека земјата продолжува да се бори со сериозна економска криза. Сепак, јавни критики на министри се невообичаени на Куба, а антивладини протести се забранети со закон.

    „На Куба нема питачи. Има луѓе кои се преправаат дека се питачи за да заработат лесни пари“, кажа Феито Кабрера.

    Таа притоа ги обвини луѓето кои пребаруваат по ѓубре дека се нелегални учесници во услугите за рециклирање.

    Претседателот Дијас-Канел ја критикуваше министерката, велејќи дека владата не би требала да биде исклучена од реалноста на луѓето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира