КУРДИТЕ ЌЕ ГЛАДУВААТ АКО НЕ СЕ ОТКАЖАТ ОД РЕФЕРЕНДУМОТ, ИЗЈАВИ ЕРДОГАН

    КУРДИТЕ ЌЕ ГЛАДУВААТ АКО НЕ СЕ ОТКАЖАТ ОД РЕФЕРЕНДУМОТ, ИЗЈАВИ ЕРДОГАНТурција најави драстични економски и воени мерки против ирачките Курди (Фото: Гети)

    Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека разгледува драстични економски и воени мерки против ирачките Курди, откако тие во понеделникот масовно излегоа на референдумот за независност, и покрај противењето на меѓународната заедница.

    Тој го обвини лидерот на регионалната влада на Курдистан, Масуд Барзани, за предавство поради инсистирањето референдумот да се одржи.

    „Сите економски и воени опции сега се во игра. Барзани ја донесе одлуката за референдумот без да се посоветува, тоа е предавство. Ако наскоро не си ја признае грешката, тој ќе го вовлече регионот во етничка и секташка војна“, изјави Ердоган.

    Бидејќи Турција е главната врска на Курдистан со остатокот од светот, тој се закани со санкции, за да ја убеди владата на Барзани да отстапи.

    „Се ќе биде готово кога ќе им ги затвориме изворите на нафта. Така ќе исчезнат сите нивни приходи. Нема да можат да најдат и храна, затоа што наши камиони ќе престанат да доаѓаат во северен Ирак“, додаде Ердоган.

    Резултатите од референдумот, на кој излегоа 72% гласачи, се уште не се официјално објавени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира