КУРДСКИТЕ СИЛИ ВО СИРИЈА СЕ СОГЛАСИЈА ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ ОД ПОГРАНИЧНАТА ОБЛАСТ СО ТУРЦИЈА

    КУРДСКИТЕ СИЛИ ВО СИРИЈА СЕ СОГЛАСИЈА ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ ОД ПОГРАНИЧНАТА ОБЛАСТ СО ТУРЦИЈАОдлуката на Сириските демократски сили може да стави крај на турската офанзива (Фото: Ројтерс)

    Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите, објавија дека се согласиле да се повлечат 30 километри од турската граница, потег што беше поздравен од Дамаск и кој би можел да стави крај на турската офанзива.

    Турција ја почна офанзивата во североисточна Сирија на 9 октомври со цел да ги избрка курдските милиции подалеку од границата и да создаде сигурна зона, во која планира да пресели два милиона сириски бегалци. Оваа недела, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин договорија сириските и руските сили да ја обезбедуваат областа додека курските милиции не се повлечат во рок од шест дена, што истекува задутре.

    Курдските милиции се главна компонента на СДФ и беа сојузник на САД во борбите кои доведоа до поразот на Исламска држава, но Анкара ги смета за терористи.

    „СДФ ќе се распореди на нови позиции во североисточна Сирија подалеку од турско-сириската граница во согласност со договорот Ердоган-Путин, со цел да се спречи крвопролевање и да се заштити локалното население“, соопшти СДФ.

    Тие побараа од Русија да посредува во „конструктивен дијалог“ помеѓу курдската администрација и владата на Асад.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира