КУРТИ ГИ ОТФРЛИ БАРАЊАТА НА САД, НО НАЈАВИ ДЕКА Е ПОДГОТВЕН ЗА НОВИ ИЗБОРИ НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО

    КУРТИ ГИ ОТФРЛИ БАРАЊАТА НА САД, НО НАЈАВИ ДЕКА Е ПОДГОТВЕН ЗА НОВИ ИЗБОРИ НА СЕВЕРОТ НА КОСОВОКурти призна дека новите градоначалници немаат полн политички легитимитет (Фото: Бета)

    Косовскиот премиер Албин Курти ги отфрли предлозите на американскиот амбасадор во Приштина за решавање на кризата на северот на земјата и како можно решение најави предвремени локални избори. Тој навести дека мандатот на новоизбраните албански градоначалници во четирите општини со мнозинско српско население би можел да трае кратко.

    Амбасадорот Џефри Ховениер побара од Курти итно да ја деескалира ситуацијата и притоа изнесе две барања: полицијата да ги напушти општинските згради во Косовска Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ и новоизбраните градоначалници на овие општини да ја извршуваат функцијата во алтернативни објекти.

    Курти кажа дека не се согласува со овие предлози, но призна дека новите градоначалници немаат полн политички легитимитет. Тие беа избрани на изборите што Србите ги бојкотираа.

    Специјалните сили на косовската полиција ќе се повлечат дури кога ќе се повлече толпата која протестира. Новите градоначалници немаат силен мандат и би можеле да останат на своите функции многу пократко од нивниот мандат. Ако Србите сакаат мирни протести со барање за предвремени избори, јас сум човек кој е подготвен да ги сослуша и можеби да се договори со нив“, кажа Курти.

    Во завчерашните насилства во Звечан беа повредени над 80 луѓе, од кои 30 припадници на КФОР, по што НАТО објави дека ќе испрати уште 700 војници во Косово, а САД најави дека ќе ја казни земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира