КУРТИ УБЕДЕН ДЕКА ТРЕТПАТ ЌЕ ФОРМИРА ВЛАДА, ИАКО ИЗГУБИ ДЕЛ ОД ПОДДРШКАТА НА ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ ВО КОСОВО

    КУРТИ УБЕДЕН ДЕКА ТРЕТПАТ ЌЕ ФОРМИРА ВЛАДА, ИАКО ИЗГУБИ ДЕЛ ОД ПОДДРШКАТА НА ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ ВО КОСОВОПо 88% пребројани гласови, Самоопределување на Курти има над 41% гласови (Фото: АП)

    Премиерот Албин Курти прогласи победа на неговата партија Самоопределување на вчерашните парламентарни избори во Косово, но нецелосните резултати велат дека нема да има мнозинство. По 88% пребројани гласови, Самоопределување има над 41% гласови, откако на претходните избори во 2021 освои 50%.

    Убеден сум дека ќе формираме влада. Ние сме победниците и ова е потврда на добра, просперитетна и демократска влада“, изјави Курти.

    На второто место е Демократската партија на Косово со 21,83%, па следува Демократскиот сојуз на Косово со 17,75%. Српска листа освои 3,96% гласови, која според уставот секако ќе има десет пратеници.

    Системот за броење во Централната изборна комисија го погодија проблеми, поради што имаше доцнење во објавувањето на официјалните резултати. Претседателката на Косово Вјоса Османи ја повика комисијата да го заштити интегритетот на изборниот процес. Од комисијата кажаа дека имало технички проблем.

    Се очекува Самоопределување да обезбеди повеќе од 40 пратеници во парламентот со 120 места.

    Нашата коалиција ќе је формира својата трета влада и ќе продолжиме да работиме“, кажа Курти, кој претходно кажа дека нема да соработува со ниедна опозициска партија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира