КУРЦ ПОВТОРНО ПРЕМИЕР НА АВСТРИЈА

    КУРЦ ПОВТОРНО ПРЕМИЕР НА АВСТРИЈАКоалициската влада е составена од конзервативната Народна партија нa Австрија на Курц и од Зелените. (Фото: АП)

    Новата австриска Влада на канцеларот Себастијан Курц денеска положи заклетва и стапи на должност. Коалициската влада е составена од конзервативната Народна партија нa Австрија на Курц и од Зелените. Вицеканцелар е Вернер Коглер, кој е на чело на Министерството за спорт и јавни служби.

    Точно 100 дена од предвремените парламентарни избори, Австрија доби нова влада од која, како што рече претседателот Александар ван дер Белен, граѓаните имаат големи очекувања.

    Канцеларот Курц (33), кој вторпат ја предводи Владата, е повторно најмладиот државник во светот. Ова е најмладата влада и влада со најголем процент жени, над 53 проценти од министрите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира