ЛАВРОВ НАЈАВИ НОВА СРЕДБА САД-РУСИЈА И ЈА ОТФРЛИ МОЖНОСТА ЗА ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

    ЛАВРОВ НАЈАВИ НОВА СРЕДБА САД-РУСИЈА И ЈА ОТФРЛИ МОЖНОСТА ЗА ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНАЛавров нагласи дека Русија дека не прифаќа распоредување европски мировни трупи (Фото: ТАСС)

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека руски и американски дипломати повторно ќе се сретнат во Истанбул утре. Тој кажа дека делегациите ќе разговараат за системските проблеми во работењето на амбасадите на двете земји.

    На прес-конференција во Катар, Лавров се осврна и на можните мировни разговори за Украина, при што ја повтори позицијата на Русија дека не прифаќаат распоредување европски мировни трупи.

    Русија не ја разгледува таа опција. Ваквите разговори имаат за цел дополнително да го разгорат конфликтот и да ја засилат Украина со оружје“, изјави Лавров.

    Русија во неколку наврати го негираше тврдењето на Доналд Трамп дека мировни трупи ќе бидат дел од договорот за примирје во Украина.

    Лавров исто така ја отфрли можноста за замрзнување на војната на сегашните позиции, сугерирајќи дека руските сили ќе продолжат со борбите барем до целосното освојување на четирите украински региони што Москва незаконски ги анектираше.

    Замрзнување на конфликтот нема да се случи. Ние имаме устав заснован врз изразената волја на народот. Она што е останато од Украина мора да биде ослободено од расистички закони“, кажа Лавров.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира