Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија ќе му претстави јасна, разбирлива позиција на Доналд Трамп на денешниот самит на Алјаска, кој почнува во 21 часот по средноевропско време. Левров кратко збореше со новинарите пред хотел во Енкориџ, при што носеше џемпер со натпис „СССР“.
„Многу работи беа завршени за време на последната посета на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф на Москва и се надеваме дека ќе го продолжиме овој плоден разговор денеска. Никогаш не правиме планови однапред. Имаме аргументи и јасна и разбирлива позиција и ќе ги претставиме сега“, изјави Лавров.
Покрај Лавров и Путин, во руската делегација се и советникот за надворешна политика на Кремљ, Јури Ушаков, министрите Андреј Белоусов (одбрана) и Антон Силуанов (финансии) и влијателниот шеф на Рускиот независен фонд, Кирил Дмитриев.