Данската компанија за производство на играчки „Лего“ соопшти дека нема повеќе да рекламира во британскиот дневен весник Дејли Мејл и уште неколку британски весници кои на социјалните мрежи беа нападнати поради нивните анти-имигрантски ставови.
Производителот на шарените лего коцки твитна во саботата “@StopFundingHate – најавувајќи го прекинувањето на договорот за рекламирање во Дејли Меил.
Роар Руде Трангбаек, портпаролот на приватната компанија изјави за АП дека „не планираме никакви дополнителни маркетинг активности со тој весник.“
„Потрошивме многу време да ги слушаме децата. И го слушаме и мислењето на родителите , бабите и дедовците“, напиша тој во електронска порака за АП одбивајќи да даде повеќе информации за рекламирањето.
Кампањата „Стоп на финансирање на омразата“ ги поттикнува компаниите да ги повлечат своите реклами во неколку британски весници поради нивното противење да им се помогне на децата бегалци.
Ова не е прв пат „Лего“ да прекине договори за рекламирање. Во 2014 година,данската компанија најави дека нема да го обнови договорот со нафтената компанија „Шел“ чие лого беше на Лего сетови кои се продаваа низ бензиските пумпи во Европа.Потегот беше поттикнат после повеќенеделен притисок, откако се појави видео против нафтени бушотини на Арктикот.
Данската компанија вработува ширум светот над 18,000 луѓе и е една од најголемите компании за играчки.
Во март оваа година, „Лего“ соопшти дека во 2015 приходот на компанијата пораснал за 25 проценти и стигнал до 35,8 милијарди дански круни (4,8 милијарди евра). Тие соопштија дека околу 100 милиони деца играат со Лего коцките или ги користат како училишен материјал