ЛЕВИЧАРОТ ЛУЛА ГО ПОБЕДИ БОЛСОНАРО НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО БРАЗИЛ

    ЛЕВИЧАРОТ ЛУЛА ГО ПОБЕДИ БОЛСОНАРО НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО БРАЗИЛЛула да Силва се враќа на функцијата по 12 години (Фото: АП)

    Бразил сврте во лево, а Луиз Инасио Лула да Силва направи голем политички камбек откако го победи досегашниот лидер Жаир Болсонаро во вториот круг на претседателските избори. Лула освои 50,9% гласови, што му беше доволно да го порази десничарот Болсонаро.

    Седумдесет и седумгодишниот Лула не можеше да се кандидира на изборите пред четири години зашто беше во затвор поради обвинение за корупција. Тој помина 580 дена зад решетки пред обвинението да биде поништено, што му овозможи да се врати на политичката сцена.

    Се обидоа да ме закопаат жив, но еве ме“, изјави Лула, кој одработи два претседателски мандата од 2003 до 2010 година.

    Анкетите од старт му предвидуваа победа, но многумина Бразилци почаа да се сомневаат во нивната точност, откако разликата по првиот круг беше изненадувачки тесна.

    На земјата ѝ требаат мир и единство. Овој народ веќе не сака да се тепа“, изјави Лула.

    Болсонаро сè уште јавно не го призна поразот. Кампањата беше тензична и поради тоа што неговиот табор фрлаше сомнежи врз исправноста на бразилскиот изборен систем, при што Болсонаро се закануваше дека нема да ги признае резултатите ако изгуби. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира