Изборите во Шведска се претесни за да може да се прогласи победник, изјави премиерката Магдалена Андерсон.
Излезните анкети предвидоа победа на левата коалиција, но резултатите објавени подоцна сугерираа тесна победа на десничарскиот блок. Имиграцијата и криминалот беа важни теми во кампањата и крајнодесничарската Шведски демократи ќе стане втората најголема партија. Гласовите можеби ќе се бројат до среда.
Набргу по затворањето на избирачките места беше објавено дека коалицијата на четири левичарски партии предводена од Андерсон освоила 49,8% гласови, наспроти 49,2% за десницата. Сепак, прославата на левицата се покажа избрзана, откако резултатите објавени подоцна ја ставија десницата во водство, давајќи ѝ 176 од 349 места во парламентот. Сепак, малку е за верување дека лидерот на Шведски демократи, Џими Акесон, ќе биде новиот премиер, туку поголеми шанси му се даваат на лидерот на Умерена партија, Улф Кристерсон.
Произлезена од неонацистичккото движење од крајот на 1980-ите, Шведски демократи првпат влезе во парламентот во 2010, кога освои 5,7% гласови, што се зголеми на 17,5% во 2018.