ЛИДЕРИТЕ НА ЕУ КАЖАА ДЕКА ОСТАНУВААТ СО УКРАИНА И ДЕКА МОРА ДА СЕ ВООРУЖАТ

    ЛИДЕРИТЕ НА ЕУ КАЖАА ДЕКА ОСТАНУВААТ СО УКРАИНА И ДЕКА МОРА ДА СЕ ВООРУЖАТИ Володимир Зеленски учествуваше на вонредниот самит во Брисел (Фото: АП)

    Европските лидери кажаа дека остануваат со Украина и ќе трошат повеќе за одбраната откако денеска се собраа на вонреден самит во Брисел за да одговорат на новите безбедносни предизвици по промените во американската надворешна политика.

    Европа мора да го прифати овој предизвик, оваа трка во вооружување. И мора да победи. Европа како целина е способна да победи во секаков воен, финансиски или економски судир со Русија, затоа што сме едноставно посилни“, кажа полскиот премиер Доналд Туск.

    Многумина лидери на ЕУ го поздравија предлогот на Европската комисија (ЕК), која понуди фискална флексибилност во трошењето за одбраната. Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен пред неколку дена предложи план за вооружување на ЕУ вреден 800 милијарди евра, од кои 150 милијарди би биле заеми за земјите-членки.

    Тука сме да ја браниме Украина“, кажа претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно побара Украина да не биде спомната во никакви писмени заклучоци од самитот, најавувајќи дека би можел да стави вето на она што бара едногласна поддршка. Тој сепак беше јасен дека ќе ги поддржи мерките за зајакнување на одбраната на Европа.

    Во исто време, британскиот премиер Кир Стармер кажа дека околу 20 држави биле спремни да се придружат на „коалицијата на волните“, која би осигурала безбедносни гаранции за Украина. Стармер додаде дека Велика Британија би имала водечка улога во тоа. Кремљ повторно нагласи дека нема да прифати мировни трупи во Украина составени од војските на НАТО.

    Таквото распоредување несомнено ќе доведе до директен судир“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира