ЕУ ЌЕ МУ ИСПРАТИ СИГНАЛ НА ТРАМП ДЕКА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД УКРАИНА, НАТО ЈА ПРЕЗЕМА КООРДИНАЦИЈАТА НА ВОЕНАТА ПОМОШ

    ЕУ ЌЕ МУ ИСПРАТИ СИГНАЛ НА ТРАМП ДЕКА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД  УКРАИНА, НАТО ЈА ПРЕЗЕМА КООРДИНАЦИЈАТА НА ВОЕНАТА ПОМОШТрамп кажа дека Зеленски би требало да постигне мировен договор со Путин (Фото: Гети)

    Лидерите на Европската Унија планираат да му испратат јасен сигнал на Доналд Трамп за нивната континуирана поддршка за Украина, кога денеска ќе се соберат на самит во Брисел. Тие ќе го нагостат Володимир Зеленски на почетокот на разговорите и ќе ја потврдат својата „непоколеблива посветеност на поддршката за Украина колку што е потребно“, стои во нацрт-заклучоците.

    Трамп постојано повикува на брз крај на речиси тригодишната војна. Во понеделникот, тој кажа дека Зеленски би требало да постигне мировен договор со Владимир Путин, иако не прецизираше дали тоа значи дека Украина би требала да ѝ отстапи територија на Русија, која моментално окупира речиси една петина од својот сосед.

    Русија не смее да надвладее. Не смее да се преземе никаква иницијатива за Украина без нејзината вклученост“, стои во нацрт-заклучоците.

    Еден европски дипломат го опиша текстот како јасен сигнал до САД.

    Во исто време, НАТО планира да ја преземе од САД координацијата на западната воена помош за Украина, изјави еден извор. Ова би му дало подиректна улога на НАТО во војната, без да испраќа свои трупи во Украина.

    Трамп е критичен кон обемот на американската воена и финансиска помош за Украина и САД под негово водство би можеле да ја намалат поддршката за Киев.

    Седиштето на новата украинска мисија на НАТО се наоѓа во американската воена база во германскиот град Висбаден и неодамна стана целосно оперативна по неколку месеци одложувања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира