ЛИДЕРИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ГО ПОТПИШАА ДОГОВОРОТ ЗА БРЕГЗИТ

    ЛИДЕРИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ГО ПОТПИШАА ДОГОВОРОТ ЗА БРЕГЗИТСпоред договорот, Велика Британија ќе излезе од ЕУ на полноќ по средноевропско време на 31 јануари (Фото: ПА)

    Претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел, го потпишаа договорот за излегување на Велика Британија од Европската Унија, седум дена пред тоа официјално да се реализира.

    Според договорот, Велика Британија ќе излезе од ЕУ на полноќ по средноевропско време на 31 јануари, кога таа ќе остане со 27 членки.

    „Работите неизбежно ќе се сменат, но нашето пријателство останува. Почнуваме ново поглавје како партнери и сојузници“, кажа Мишел.

    Документот кој содржи повеќе од 600 страници потоа беше испратен во Лондон, за да го потпише и британскиот премиер Борис Џонсон. Велика Британија ќе остане дел од единствениот европски пазар и од царинската унија до крајот на годината, но веќе нема за ништо да одлучува.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари