ЛИТВАНИЈА ПОЧНА ДА ГИ УЧИ ДЕЦАТА ДА РАБОТАТ СО ДРОНОВИ ПОРАДИ ЗАКАНАТА ОД РУСИЈА

    ЛИТВАНИЈА ПОЧНА ДА ГИ УЧИ ДЕЦАТА ДА РАБОТАТ СО ДРОНОВИ ПОРАДИ ЗАКАНАТА ОД РУСИЈАЦелта на Литванија е до 2028 да има повеќе од 22.000 луѓе кои имаат вештини за управување и градење дронови (Фото: ТТ)

    Близу границата со Русија, литванското министерство за одбрана ја отвори првата од предвидените девет школи низ земјата, во кои деца над десет години и возрасни ќе учат да управуваат, составуваат и програмираат дронови.

    „Градењето на одбранбените воени способности го сфаќаме многу сериозно, имајќи предвид дека живееме во близина на Русија и Белорусија“, изјави заменик-министерот за одбрана Томас Годлијаускас.

    Првиот тренинг-центар е отворен во Таураге, 20 километри од руската енклава Калининград и тука децата вежбаат виртуелно летање на компјутери и летаат вистински мали дронови.

    „Децата се многу заинтересирани“, изјави учителот Миндаугас Тамосалтис.

    Како членка на НАТО, Литванија побара од алијансата да ја засили нејзината противвоздушна одбрана. По упадот на руските дронови во Полска минатата недела, НАТО објави дека ќе ја засили одбраната на своето источно крило.

    Целта на Литванија е до 2028 да има повеќе од 22.000 луѓе, вклучувајќи 7.000 деца, кои имаат вештини за управување и градење дронови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира