Стотици Литванци донираа за да се купи дрон за украинската војска, со цел да ѝ се помогне во војната против Русија. Целта од пет милиони евра беше постигната за само три и пол дена, при што се донираа суми од пет до 100 долари и со овие пари ќе се купи дрон „бајрактар ТБ2“.
„Пред да почне оваа војна, никој од нас не размислуваше за купување оружје. Но, тоа сега е нормална работа. Веќе некое време донирам пари за да се купи оружје за Украина и ќе продолжам до победата“, изјави 32-годишната Агне Беличкаите.
Дронот ќе го купи министерството за одбрана на Литванија, а писмо на намери ќе биде испратено во Турција следната недела.
Украина купи повеќе од 20 вакви дронови во изминатите години и нарача уште 16 на крајот на јануари.
„Ова е прв случај во историјата обични луѓе да донираат пари за да се купи нешто како воен дрон“, изјави украинскиот амбасадор во Литванија, Петро Бешта.