Повеќе од 30 познати личности од политиката, фудбалот, науката и уметноста потпишаа писмо до УНЕСКО во кое бараат Ливерпул да не го загуби статусот на светско наследство.
Заканата по статусот на Ливерпул е поради модерната урбанизација на крајбрежјето. Се очекува Комитетот за светско наследство да препорача англискиот град да биде ставен на листата на светско наследство во опасност во извештајот на УНЕСКО кој треба да биде објавен во понеделник.
Градоначалникот Стив Ротерам е меѓу тие кои рекоа дека таквата одлука на УНЕСКО ќе биде уназадување за регионот.
Ливерпул го доби статусот на светско наследство од УНЕСКО во 2004 година. Статусот го доби поради историјата на градот на голем центар за трговија за време на Британската империја и поради архитектурата.
УНЕСКО треба да ја потврди листата на светско наследство на состанокот во јули.