ЛИВЕРПУЛ БАРА ОД УНЕСКО ДА НЕ БИДЕ СТАВЕН НА ЛИСТАТА НА СВЕТСКО НАСЛЕДСТВО ВО ОПАСНОСТ

    ЛИВЕРПУЛ БАРА ОД УНЕСКО ДА НЕ БИДЕ СТАВЕН НА ЛИСТАТА НА СВЕТСКО НАСЛЕДСТВО ВО ОПАСНОСТНовиот стадион на Евертон кој се гради на пристаништето „Бремли-Мур“. (Фото: Евертон)

    Повеќе од 30 познати личности од политиката, фудбалот, науката и уметноста потпишаа писмо до УНЕСКО во кое бараат Ливерпул да не го загуби статусот на светско наследство.

    Заканата по статусот на Ливерпул е поради модерната урбанизација на крајбрежјето. Се очекува Комитетот за светско наследство да препорача англискиот град да биде ставен на листата на светско наследство во опасност во извештајот на УНЕСКО кој треба да биде објавен во понеделник.

    Градоначалникот Стив Ротерам е меѓу тие кои рекоа дека таквата одлука на УНЕСКО ќе биде уназадување за регионот.

    Ливерпул го доби статусот на светско наследство од УНЕСКО во 2004 година. Статусот го доби поради историјата на градот на голем центар за трговија за време на Британската империја и поради архитектурата.

    УНЕСКО треба да ја потврди листата на светско наследство на состанокот во јули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира