ЛОНДОНСКИОТ СУД ЈА ДОЗВОЛИ ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА АСАНЖ ВО САД

    ЛОНДОНСКИОТ СУД ЈА ДОЗВОЛИ ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА АСАНЖ ВО САДАсанж е баран за објавување илјадници доверливи документи во 2010 и 2011 (Фото: АП)

    Високиот суд на Лондон ја прифати жалбата на САД и ја дозволи екстрадицијата на Џулијан Асанж, кој се соочува со низа кривични дела, како шпионирање и хакирање владини компјутери. Уважувајќи ја жалбата, судијата Тимоти Холројд кажал дека САД дале пакет гаранции за условите на притворот на Асанж.

    САД се жалеа на пресудата од 4 јануари, со која не беше одобрена екстрадицијата на основачот на Викиликс поради стравувањата дека би можел да се самоубие во затвор.

    Педесетгодишниот Асанж е баран за објавување илјадници доверливи воени и дипломатски документи во 2010 и 2011. Според судијата Холројд, тој најавил дека ќе се жали на најновата пресуда, што дополнително би можело да го одолжи целиот процес.

    Холројд заклучил дека пресудата од јануари се базирала на ризикот дека Асанж ќе биде затворен во затвор со најстроги мерки, но САД подоцна дале гаранции дека тој нема да се соочи со такви мерки, вклучувајќи самица.

    Според американските власти, менталните проблеми на Асанж воопшто не се толку сериозни за да не биде екстрадиран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира