ЛУЃЕТО СЕ ВИНОВНИ ЗА ЗАГРЕВАЊЕТО НА ЗЕМЈАТА, НЕКОИ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ СЕ НЕПОВРАТНИ, СЕ ВЕЛИ ВО НОВ ИЗВЕШТАЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

    ЛУЃЕТО СЕ ВИНОВНИ ЗА ЗАГРЕВАЊЕТО НА ЗЕМЈАТА, НЕКОИ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ СЕ НЕПОВРАТНИ, СЕ ВЕЛИ ВО НОВ ИЗВЕШТАЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИГрчките власти постојано истакнуваат дека последните големи пожари во земјата се последица на климатски промени (Фото: АП)

    Човечките активности ја меуваат климата на Земјата на начини какви што не се видени илјадници, ако не и стотици илјади години, при што некои од промените се неизбежни и неповратни, предупредија научниците во голем извештај објавен од Обединетите нации.

    Во наредните две децении, температурите веројатно ќе пораснат за повеќе од 1,5 Целзиусови степени, што ќе доведе до природни катастрофи и екстремни временски услови, а не е исклучено до крајот на векот нивото на морињата да се зголеми за речиси два метра. Меѓународниот панел за климатски промени (ИПЦЦ) заклучи дека единствено забрзано и драстично намалување на емисијата на стакленички гасови во оваа деценија може да го спречи или ублажи ова црно сценарио.

    „Првиот извештај на ИПЦЦ е црвена тревога за човештвото. Ако ги здружиме силите сега, можеме да ја избегнеме климатската катастрофа. Но, како што се истакнува во извештајот, нема време за одложувања или изговори“, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутерес.

    Во документот на 42 страници се вели дека е очигледно дека човечкото влијание ги загрева атмосферата, океаните и земјата.

    „Тоа е факт, не можеме да бидеме појасни од ова. Неспорно е дека луѓето ја загреваат планетата“, вели Ед Хокинс од Универзитетот во Рединг, еден од авторите на извештајот.

    Во него се наведуваат неколку клучни факти:

    • Глобалните температури во периодот 2011-2020 биле за 1,09 степени повисоки во споредба со 1850-1900 година.
    • Изминатите пет години биле најтоплите од 1850 година.
    • Сегашната стапка на растот на нивото на морето е речиси трипати поголема во споредба со периодот од 1901 до 1971 година.
    • Човечкото влијание е најверојатно главниот фактор за глобалното повлекување на глечерите од 1990-ите.
    • Жешките екстреми станаа почести и поинтензивни од 1950-ите, додека студените настани станаа помалку чести и помалку сериозни.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира