ЛУКАШЕНКО ТАЈНО ПОЛОЖИЛ ЗАКЛЕТВА ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ МАНДАТ

    ЛУКАШЕНКО ТАЈНО ПОЛОЖИЛ ЗАКЛЕТВА ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ МАНДАТНенајавената инаугурација на Лукашенко се одржа месец и пол по спорните избори (Фото: Ројтерс)

    Александар Лукашенко положил заклетва за нов претседателски мандат во Белорусија на инаугурација која претходно не беше најавена, објави државната агенција „Белта“.

    Церемонијата уследи месец и пол по изборите, на кои што, според државната изборна комисија, Лукашенко освоил 80% од гласовите, додека опозицијата ги оспорува овие резултати и оттогаш редовно организира масовни протести. Според „Белта“, на тајната церемонија присуствувале неколку стотици луѓе.

    Белорусија се соочува со можни санкции од Европска Унија и САД поради наводното лажирање на изборите. Лукашенко е на власт веќе 26 години и актуелните протести се најголемиот притисок со кој се соочил досега.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира