„ЛУКОИЛ“ ЌЕ ГИ ПРОДАВА СВОИТЕ МЕЃУНАРОДНИ СРЕДСТВА ПОРАДИ АМЕРИКАНСКИТЕ САНКЦИИ

    „ЛУКОИЛ“ ЌЕ ГИ ПРОДАВА СВОИТЕ МЕЃУНАРОДНИ СРЕДСТВА ПОРАДИ АМЕРИКАНСКИТЕ САНКЦИИ„Лукоил“ учествува во светското производство на нафта со 2% (Фото: ТАСС)

    Втората по големина руска нафтена компанија „Лукоил“ објави дека планира да ги продаде своите меѓународни средства поради новите американски санкции, што Доналд Трамп ги воведе поради војната во Украина. Планираната продажба на средствата е најзначајната акција што руската компанија ја презема поради западните санкции.

    Лукоил“ кажа дека веќе започнало разгледувањето на понудите од потенцијалните купувачи.

    На 22 октомври, Трамп воведе санкции за руските државни нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“ поради одбивањето на Владимир Путин да ја заврши војната во Украина, една недела откако ваква одлука донесе и Велика Британија.

    Лукоил“ учествува во светското производство на нафта со 2%. Компанијата не кажа конкретно кои средства ќе се продаваат, но таа ги поседува најголемата балканска нафтена рафинерија „Лукоил Нефтохим“ во Бургас и рафинеријата „Петротел“ во Романија.

    Лукоил“ ги снабдува со нафта Словачка, Унгарија и турската рафинерија „СТАР“, која е во сопственост на Азербејџан и има удели во нафтени терминали и малопродажни синџири за гориво во Европа и разни проекти за производство на нафта и гас во Централна Азија, Африка и Латинска Америка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира